Тел:   +389 2 3117 896
Факс: +389 2 3118 414
Е-пошта: contact@mon.gov.mk

 

Порталот Наука МК опфаќа систем за евиденција на научните активности на сите научници во Република Македонија и нивните научно–апликативни активности (проекти и трудови). Наука МК е проект овозможен од Mинистерството за образование и наука на Република Македонија. Апликацијата овозможува евиденција на сите научни и образовни активности на научниот и наставниот кадар на јавните научно-образовни установи во Република Македонија. На порталот ќе бидат достапни резултатите од истражувањата и генерирањето идеи за нови научни истражувања за јавниот и приватниот сектор, како и на пошироката јавност ќе им бидат овозможени поедноставна достапност и увид на научните достигнувања, како и вклучување во градењето на механизми за промоција на етичката димензија на истражувањата. Порталот ќе овозможи и десиминирање на информации за можностите за заедничка соработка, размена на искуства во земјата и странство, што ќе доведе до приближување на резултатите од истражувањето до домашната истражувачка заедница.